Попис е потребно да има за да можеме благовремено, навремено да го планираме развојот на економијата, образованието, здравството, земјоделието итн. Затоа што не е сеедно да пресметувате БДП од 11 милијарди евра на политички консензуален договор на население од два милиони жители и резидентно реално население од 1.5, 1.6, 1.7 милиони жители. Зошто? Затоа што тоа директно влијае врз кредитниот рејтинг на државата, а кредитниот рејтинг на државата директно удира по џебот на граѓаните, бидејќи задолжувањето кое што понатаму граѓаните полнејќи го буџетот го враќаат може да биде значително поголемо доколку статистичката операција попис е практично политичка операција каква што планира да спроведе владејачкото мнозинство.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

Тој обвини дека Заев турка попис без доказ за идентификација со едноставно диктирање на матични броеви.

Попишувањето е предвидено без покажување на било каков доказ и лична идентификација, да биде завршено со едноставно диктирање на матичниот број. Дали може да се случи едно лице да диктира повеќе матични броеви, без притоа да покаже соодветен доказ дека тие во моментов се резиденти односно се наоѓаат на територијата на Република Македонија? Понатаму, она кое што е важно да се напомене е фактот дека постои се уште институтот, политички двоен потпис. Зошто е потребен политички двоен потпис ако навистина станува збор за статистичка операција и нека наведат уште неколку такви примери властодршците, каде се спроведува на овој начин попис? Понатаму, велат попишаните матични броеви ќе бидат вкрстени со базите на податоци. Со кои бази на податоци? До овој момент, ниту една база на податоци не и е позната на македонската јавност, која што ќе биде користена – истакна Мицкоски.

Понатаму, рече тој, ќе се спроведува попис според методологија која што се уште официјално не е излезена во Службен весник.

А денеска на дневен ред, во рамките на Парламентот се наоѓа Законот за попис, кој што претпоставувам ќе биде усвоен без претходно да биде позната методологијата по која што ќе се попишуваат граѓаните, и така натаму. Има уште многу аргументи, кој што во следните три дена, пратениците од опозицијата, во рамките на парламентарната дебата ќе ги рефлектираат на собраниската говорница. А, зошто велиме три дена? Бидејќи, повторно, на сцената стапува дивеењето на владејачкото мнозинство и се злоупотребува европското знаменце, а се злоупотребува затоа што јасно е дека не е статистичка операција. Кријат, се плашат од јавна дебата, туку и истата ја претворија во политичка операција – рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.