Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва во „Што не е јасно“, во Алфа телевизија, во врска со терањето одмор на дел од функционерите на власт, истакна дека тој да би бил на местото на премиерот Заев, би „ги фатил за уши“ за да си напишат неотповиклива оставка и да ја напуштат Владата, затоа што однесувањето е дезертерско заради тоа што општеството ни е во војна.

Ова е навистина еден циркус една естрада на погрешни ставови и погрешни позиции кои треба да се срамат од нивното однесување, затоа што гледаме како дезертираат во услови на пандемија одредени владини функционери, вториот и третиот човек на Владата дезертираат во ек на пандемија, кога луѓе ги губат животите еден се сонча на Канкун, другиот оди во Дубаи и потоа оправдувањата се дека многу работел и дека му требало три дена да посвети на сопругата, вели Мицкоски.

Тој вели дека да бил на местото на Заев ќе барал оставка од министерот кој „во војна“ решил да оди на одмор.

Лично јас да бев на местото на Заев го „фаќав за уши“ и ќе му речев да ја напише оставката неотповиклива и напушти ја Владата, јас така би изреагирал и со едниот и со другиот , бидејќи тие дезертираат во сред војна, посочи Мицкоски.

Тој дополни дека власта не е свесна дека општеството е во војна со невидлив непријател, не изгледа дека тоа не им е доволно јасно функцинерите на власт дека нема простор за сончање, колку и да се ефтини хотелите во Канкун.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.