Претседателот на грчката партија Сириза и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас упати видео порака со поддршка на претседателот Зоран Заев, СДСМ и коалицијата „Можеме“.
Една од работите што ги научивме во изминатите три години е дека напред движи гледањето во иднината, а не опседнатоста со минатото. Вербата во иднината е силата што ни ги донесе големите остварувања.
Значајна е поддршката што доаѓа од мојот грчки пријател Алексис. Ти благодарам Alexis Tsipras за зборовите, продолжуваме да се бориме за подобра иднина на сите, објави претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот профил на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.