Имам информација дека првите 3.000 руски вакцини треба да стигнат, ама како да кажам ако не стигнат, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на настан во скопската општина Карпош.
Во недела очекуваме првите три илјади вакцини да дојдат преку ДХЛ. Министерот се организира со амбасадорот да ги пречека и нормално да ги пушти тие во промет, изјави Заев.
За остатокот до 100 илјади вакцини, колку се договорени со Русија, тој рече дека се очекува да пристигнат следната недела.
Досега во Македонија стигнаа 8.190 вакцини од производителот „Фајзер“, донација од Србија со кои се вакцинираат медицинските лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.