Премиерот Зоран Заев објави на Фејсбук дека лично и срдечно им се заблагодарил на бугарскиот премиер Бојко Борисов, на целата бугарска влада и на бугарскиот народ за донацијата на вакции против коронавирусот.
После одлуката за донации на вакцини, изразив благодарност лично до премиерот Борисов, до Владата на Бугарија и до бугарскиот народ за солидарниот и хуман гест и исклучителен чин на пријателство кон македонскиот народ и кон сите граѓани на Македонија.
Во благодарноста на премиерот Борисов му пренесов дека донирањето на дел од вакцините кои ги набави бугарската влада е многу важно и доаѓа во исклучително тешки времиња на силен бран на коронавирусот со кој се соочуваат двата народи, двете држави и целиот свет, напиша Заев на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.