Премиерот Зоран Заев информира дека учествувал на работна средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, на која дале поддршка и охрабрување на реформата на Собранискиот телевизиски канал и за унапредување на емитувањето на собраниските содржини преку најмодерните телевизиски и интернет комуникациски канали.
Собранискиот ТВ канал со својата суштина самостојно ги информира и едуцира граѓаните за политичкиот живот, преку парламентарни, образовни и граѓански програми и ваквите содржини треба да ги има во што поголем обем, достапни до сите граѓани.
Собранискиот телевизиски канал треба да обезбедува политичка еднаквост и соодветна јазична застапеност во емитуваните програми и во исто време на Парламентот да му обезбеди алатка за поголема транспарентност и отчетност.
Ова е благородна идеја, која како крајна цел има да ја приближи работата на Собранието на граѓаните преку самостоен студиски и продукциски телевизиски систем вкрстен со повеќе интернет медиумски платформи, со што ќе се прошири опфатот и комуникацијата на граѓаните со нивните народни претставници во Собранието и со дополнителни програми на одредени теми од интерес на граѓаните – објави Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.