Секоја криза е нова можност, а инвестициите го потврдуваат тоа. Чест ми е што присуствував на отворањето на новиот производствен капацитет на НЈСК Холдинг, во индустриската зона Ќојлија. Оваа гринфилд инвестиција од фармацевтската индустрија е лиценцирана за одгледување на канабис за медицински цели, и е изградена по највисоки стандарди, со софистицирано производство и висока додадена вредност за македонската економија.
Владата е во комуникација со претставници на компании од оваа дејност, со цел оваа индустриска гранка да се развива согласно светските текови и европските регулативи. Подготвени сме да спроведеме законски измени кои ќе овозможат извоз на цвет од канабис за медицински цели, кои ќе поттикнат нови инвестиции, развој и нови работни места.
Светската економија се преструктуира, а доколку сакаме да одиме напред ние мораме да фатиме чекор со глобалните економски трендови, напиша на Фејсбук, Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.