Со сила да се турка противуставен закон за јавно обвинителство на само два дена пред распуштање на Парламентот, еднострано, без земање во предвид на забелешките од експертите, професорите на Правниот факултет, значи дека бившиот премиер Зоран Заев турка закон за да си ја спаси сопствената кожа од одговорност- обвини денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека во оваа држава не може законите да бидат за едни казна, а за други амнестија.

Меѓу другите забелешки кои што ги имаме многу, за нас ВМРО-ДППМНЕ главниот проблем исто така е членот 110 од предложениот закон. Со кој се предвидува разговорите да не важат за докази, со што јасно се сака амнестија на Заев, амнестија на „Рекет 1“, „Рекет 2“, „Леонардо“ итн. Сите оние други коруптивни афери кои што беа присутни во изминатиот период но и за кои што постои основано сомневање дека ќе се појават во периодот кој што следи во јавноста. Согласно праксата на Европскиот суд за човекови права секогаш кога станува збор за разговори кои што се од јавен интерес истите треба да бидат докази во постапка. Тоа е наш став. И затоа ги повикувам останатите политички партии и пратениците да имаме заеднички став и да не го гласаат овој закон. И да побараме сето она кое што е од јавен интерес да биде дел од доказната постапка. Ако т.н. бомби важат за едни, ќе важат за сите. Особено за Зоран Заев, раководството од неговата партија, функционери од неговата влада и неговите слуги. Ваквиот закон нема никаква врска со европските вредности, туку напротив има врска со стравот на Зоран Заев, и неговата желба да избега од одговорност – рече Мицкоски.

Тој сподели неколку точки на несогласување со она што владата го испрати во Собрание како текст на законот за јавно обвинителство. Вели со законот за јавно обвинителство се сака да не важат прислушуваните разговори спроведува операција за амнестија.

И тоа амнестија лично за Зоран Заев и членови на неговото семејство, амнестија за раководството на неговата партија и функционери од коалиционата влада за кои постојат сомнежи дека се силно инкриминирани во нелегални активности и амнестија конечно за помал дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, поточно за оние кои се во негово заложништво и решија да одработуваат за негови интереси – нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него со новиот закон се устоличуваат егзекутори на наредбите на Заев во обвинителството, Русковска и Јовевски, кои сега се предлага да може да се сменат исклучиво со 2/3 мнозинство од Советот на јавни обвинители, во услови кога Советот поради партизираноста која ја направија е под директна контрола на СДСМ.

Ова е типичен пример на монархистички закон. Русковска и Јовевски му требаат на Заев да продолжат да ги исполнуваат неговите наредби и за да продолжи селективната правда и амнестија на криминалот. На секој еден правник му е совршено јасно дека станува збор за противуставен закон. Закон со кој ќе се спроведува селективна правда, односно неправда, каде прислушкуваните материјали нема да важат за Заев нему блиските соработници и слуги, но за други ќе важат – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.