Владата постојано работи постојано на креирање политики и на создавање сериозни ресурси во за олеснување на пристапот на капиталот од бизнис-дијаспората во правец на отворање нови работни места во татковината, истакна премиерот Зоран Заев, зборувајќи за потенцијалот на дијаспората, на денешната панел сесија на првиот ден од Самитот „Македонија 2025“, кој трае до 3 декември.

На панелот се разговараше и за проблемот со иселувањето на младите, односно за причините и за стратегијата со која би се постигнало намалување на овој тренд.

Потребна ни е стратегија којашто ќе ги адресира сите предизвици заради кои заминуваат нашите луѓе од земјата, за да можеме да ги поставиме во позиција да ги одвратиме и да ги мотивираме да останат тука. Наша должност е сите да создаваме овде и да ја менуваме Република Македонија. Да ја европеизираме со европските вредности коишто овде ќе ги почувствуваме, но и во делот на севкупниот квалитет на живот – вели Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.