„Најдоброто” носи јасна идеја и јасен план за развојот на секој град, на секое населено место, на целата држава, а од другата страна, ДПМНЕ нуди огромна неизвесност, ризик, опасност и закана, за враќање во темното минато, порача денеска премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев од Демир Хисар на стартот на кампањата „Најдоброто за мојата општина“ на Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз.
– На овие избори СДСМ и коалицијата ја има најдобрата понуда на домашната политичка сцена. Нашата најдобра понуда значи постојана отворена комуникација меѓу градоначалникот и вас, граѓаните, но значи и заедничко одлучување. Најдобрата понуда значи зелена агенда како врвен приоритет, брз локален економски развој и инфраструктурни инвестиции во сите општини и региони за рамномерен развој, нагласи Заев.
Тој потенцира дека голем дел од општините во изминатите четири години беа предводени од кадри на СДСМ, кои работеа посветено, вредно и напорно и таа силна динамика мора да продолжи.
– Служењето на граѓаните продолжува, а победата на овие локални избори ќе биде потврда и за политиките на централно ниво. Изборот на Најдоброто на овие избори, ќе ја повтори определбата на граѓаните да живеат во модерна европска земја, пријател на регионот и светот, истакна Заев, додавајќи дека овие избори се важни и за, како што рече, „неодговорната опозиција да не добие можност повторно да прави штета на локално ниво“.
Заев потенцира дека граѓаните одлучуваа на 17 октомври и со гласот за коалицијата предводена од СДСМ избираат „заедништво и развој, наспроти поделби и минато.
– На 17 октомври бираме отворени општини, ваши, наши. Убеден сум дека и овој пат ќе направите мудар избор и ќе одберете да продолжи развојот, да продолжи напредокот со СДСМ и коалицијата. Во Демир Хисар победува Најдоброто со Стевче Митревски. Во цела држава победува Најдоброто со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, нагласи Заев во обраќањето на промоцијата на кандидатите за градоначалник и членови на Советот на Општина Демир Хисар на коалицијата предводена од СДСМ.
Од друга страна, лидерот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното гостување во Дневникот на Сител рече дека неговата партија на претстојните локални избори ќе биде максимално фокусирана на позитивна, промотивна кампања, додавајќи дека градоначаланиците на СДСМ во измитиот четиригодишен мандат реализирале 7.000 проекти.
Вели дека не очекува така да се однесува опозицијата.
Гледаме и во предвечерието на кампањата каков е односот. Лажните вести се постојано присутни. Негативните тендеции се постојано присутни. Нешто што не се менува кај нашиот политички опонент. Кај нас веројатно тоа предизвикува одредена предност бидејќи граѓаните се фокусирани кон иднината. Но не е добро за државата. Дефинитивно јас и на последната средба којашто ја имавме вчера, следејќи ги резултатите од германските избори, си посакавме позитивна кампања, си препорачавме да бидеме навистина фокусирани на промотивен позитивички дел зашто и тие ние сме свесни дека граѓаните тоа ги интересира, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.