Премиерот Зоран Заев, министерот заа надвореши работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши попладнево тргнаа за Букурешт каде од трибините на националната арена во романскиот главен град ќе го следат првиот настап на нашата фудбалска репрезентација на Европското првенство в фудбал.
Доаѓаме за да ги поддржиме македонските репрезентативци. Заедно сме посилни, само сплотени можеме да успееме.Напред момци, цела држава навива за вас!, напиша Заев на Фејзбук каде објави и фотографија од аеродромот пред тргнувањето.
На фотографијата, исто така, може да се забележи дека за Букурешт тројцата летнаа со приватен лет, користејќи го владиниот авион, за кој се плаќа од џебот на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.