Во тензична атмосфера и на границата од 62 пратеници кои изгласаа „за“, доцна синоќа во Собранието беше утврдена потребата Законот за јавно обвинителство да се носи по скратена постапка, со што расправата за законот преминува во собраниската Комисија за европски прашања и во Законодавно-правната комисија.

И овојпат, како и секој претходен закон кој му одговара само на СДСМ, гласањето беше направено со многу неправилности, со повикувања на пратеници од странство, со игнорирање на постапки и процедури, со купопродажба.

Иако текстот за законот прво беше повлечен, потоа неделовнички и спротивно на сите процедури, без претходно да биде утрврден на владина седница, до Собранието беше доставен од страна на техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Ова е најгруб фалсификат кој се случил во ова Собрание. Нема одлука на Влада за предлагање на овој текст на Предлог законот. Овој текст сега е доставен од техничкиот премиер. Тој нема право да предлага закони, туку само може да ја застапува Владата и да доставува нејзини предлози. Во овој случај Владата нема донесено одлука за пуштање во процедура на овој Предлог закон, залудно реагираше вчера Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, пак, порача дека треба да се повикаат надлежните институции за да спречат ваков фалсификат, за кој што има обид да се донесе набрзина.

Никој не го спори правото на предлагачот за да повлече предлог-закон, но треба да се постапува според Деловникот, со нов дневен ред на Владата. Навреда е на интелигенцијата на граѓаните, а особенио на пратениците, доколку Талат Џафери, Рената Дескоска, Зоран Заев и Али Ахмети разговарале за мали технички измени од 9 утрово до 22 часот вечерва, рече Милошоски.

Оттука се отвораат неколку прашања:

Зошто овој закон треба да се носи по скратена постапка, со европско знаменце, во два дена, иако се предвидува да се применува од од 30 јуни 2020 година, односно по четири и пол месеци.

 

Следствено, ако законот нема да се применува во тие четири и пол месеци, зошто да не оставиме експерти да го напишат законот?

 

Која е причината и зошто е толкавото брзање на СДСМ и сите притисоци кои што ги прават врз Собранието, само за да се донесе закон по скратена постапка со одложено дејство од четири и пол месеци?

Одговорите на овие и уште многу останати прашања поврзани со овој спорен закон имаат еден ист одговор – Зоран Заев.

И во новиот текст на законот не е променет членот 110 со кој се предвидува снимките веќе да не важат за докази, со што јасно се сака амнестија на Заев и неговите блиски.

Неодамна во јавноста беше објавена целата снимка од „Поткуп“ на која јасно се гледа како Заев извршува кривично дело и бара „евро за Вицето“. Беа објавени и детали за тоа како браќата Заеви потплаќале граѓани за победа во Струмица на локалните избори.

Ова се случаи за кои на овој или оној начин Заев доби амнестија.

Но, „Рекет 1“, „Рекет 2“, „Леонардо“ се само дел од големите коруптивни афери за кои наводно постојат многу снимени материјали и за кои постои основано сомневање дека ќе се појават во јавноста, а со вака донесен Закон за ЈО, тој се спасува од сите можни идни гонења.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.