Патриоти се тие кои го осигуруваат, обезбедуваат и заштитуваат македонскиот идентитет и јазик, а воедно ја осигуруваат, обезбедуваат и заштитуваат иднината на истиот тој народ кој зборува македонски јазик, како и на сите други народи кои живеат во нашата земја. Ако зборуваме со зборови на внимателност и пријателство можеме да им обезбедиме иднина на граѓаните. Денеска сме членка на НАТО како Македонци што зборуваат македонски јазик. Ќе бидеме и членка на ЕУ како Македонци што зборуваат македонски јазик, порача денеска премиерот Зоран Заев.
-Со Бугарија ја биев европската битка заради европска иднина на нашиот народ, почитувајќи ги партизаните и комитите затоа што тие се дел од нашата историја. Како што е не одвоив дел целиот живот и дело на Гоце Делчев со македонската држава, така е и на партизаните. Тие успеале со борбата од 1941 до 1944 година да ја создадеме конечно македонската држава, ама денеска има нови битки што се водат и во тие битки ќе бидеме јунаци или ќе се криеме. Нема да се криеме, туку ќе се бориме затоа што нашите деца очекуваат да победиме во битките на 21 век, да бидат во ЕУ и да бидат сигурни и стабилни како што се сега во НАТО, а не во некои кулоари и крчми повторно да ни ја крчмат Македонија. Не, денеска е заштитена од НАТО и конечно оваа држава има имотен лист. Таа битка ја водам и ќе продолжам да ја водам европската битка, рече Заев во одговор на пратеничко прашање на денешната седница на Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.