Премиеорт Зоран Заев денеска истакна дека веста дека професорот Љубомир Фрчкоски е одбиен од САД како македонски амбасадор во Вашингтон е шпекулација во јавноста.
Ниту Владата, ниту друга институција, не коментира за именувањето на амбасадори додека не завршат постапките. Така било и во случај на именување на конзули, а не пак за амбасадори. Јас слушнав дека Фрчкоски е за Њујорк, а не за Вашингтон. Во однос на амбасадорите, прво се носат одлуки на Влада, па се добива агреман од претседателот на државата, па потоа агреман од земјата домаќин, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.
Претходно и министерот за надворешни работи рече дека никогаш не кажале дека Фрчкоски ќе биде амбасадор. Ваквите деманти стигаат дури сега, по информацијата дека тој не добил безбедносен сертификат за да ја претставува Македонија, иако со месеци се зборуваше дека токму професорот ќе стане дипломат во САД, а во исто време ни самиот Фрчкоски не ги отфрли честитиките кои му беа упатувани од јавни личности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.