Премиерот Зоран Заев преку „Фејсбук“ најави големи инвестиции во инфраструктурата, земјоделието, енергетика.

Според Заев, следува инвестициски циклус од околу 5 милијарди евра и тоа:

  • 1 милијарда во патишта,
  • 1 милијарда во железница,
  • 1 милијарда во енергетика,
  • нов Клинички центар,
  • инвестиции во земјоделството и руралниот развој,
  • нови пречистителни станици,
  • регионални фабрики за прибирање и обработка на отпад,
  • канализациски и водоводни системи,
  • училишта и градинки…

Градиме реални проекти за реални потреби на сите граѓани. Нашата држава е на добар пат!, порача Заев на „Фејсбук“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.