Со новите предлог статутарни измени кои денеска беа соопштени на 25. конгрес на СДСМ, како што порача лидерот Зоран Заев, сакаат да обезбедат уште поголема демократизација, уште поголема инклузивност и нова, позитивна трансформација на функционирањето на органите на СДСМ.

СДСМ е првата партија во нашата држава која на следниот Конгрес својот претседател ќе го бира на директни внатрепартиски избори, непосредно, секој член ќе може да гласа и дирекнто да одлучува кој и како ќе ја води партијата. Првите вакви избори е планирано да се одржат веќе следната година, кога истекува мандатот на ова раководство, порача претседателот на партијата, Зоран Заев.

Статутарните измени предвидуваат и зајакнувања на капацитетите и овластувањата на Форумот на жени, Социјалдемократската младина на Македонија, Организациониот секретар, Секретарот за меѓународна соработка, како и Комисиите на партијата.

Конечно, со на овој Конгрес, СДСМ впишува црвената боја, како своја боја, тоа е бојата на социјалдемократијата, на победата, на левицата, бојата на слободата, бојата на животот, тоа е бојата на македонската иднина. Новит лик на СДСМ не се случи преку ноќ – заедно, напорно работевме сите наши членови, годините наназад и успеавме. Имаме силен СДСМ, динамичен, моќен, цврст, стабилен, прогресивен. Тоа е нашиот бренд. Цврст, моќен и прогресивен СДСМ, партија и организација која ги следи најновите европски патокази на Европската социјалистичка партија, посочи Заев.

Претседателот Заев истакна дека измените на Статутот ја прават СДСМ уште поодговорна и поевропска партија и изрази уверување дека предложените измни ќе бидат усвоени.

25-от конгрес на СДСМ се одржа со онлајн присуство на 679 делгати.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.