Премиерот Зоран Заев уште рано сабајле замина на местото на страшната трагедија во Бугарија, да ги посети преживеаните во автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма“ во која животот го загубија 46 патници, а седум се повредени.
Тој во изјава за „Фокус“ потврди дека во болницата се сретнал со сите седуммина преживеани во несреќата и разговарал поединечно со секој од нив.
Се видов со сите седум преживеани. Секој од нив има свое видување за несреќата, кое е логично, но сепак треба да се сочека истрагата за да не испаднат шпекулација што е посебно недозволиво во овие тажни моменти за семејствата на починатите – истакна Заев за „Фокус“.
Заедно со него, на местото на страшната трагедија отидоа и министерот за здравство Венко Филипче и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Заев изрази сочувство за загинатите во несреќата, за која лично бил информиран од бугарскиот претседател Румен Радев и од премиерот Стефан Јанев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.