Италијанскиот мабасадор во Македонија, Андреа Силвестри, на средба со премиерот Зоран Заев, изразил силна поддршка од Италија за европерспективите на нашата држава.
Како што соопштија од Владината прес-служба, Силвестри и Заев констатирале Македонија ги завршила своите домашни обврски и дека сега е на ред Европската Унија да ги вреднува постигнувањата на земјава.
Продолжуваме со реформите дома, со силна посветеност кон функционална правна држава. Во однос на разговорите со нашиот сосед, Република Бугарија, продолжуваме со конструктивноста во разговорите. Тоа што го соопштивме и во Брисел е дека прифаќаме да разговараме за сѐ освен за тоа кои сме – изјавил Заев.
Двајцата соговорници на состанокот заеднички изразиле надеж дека со креативен пристап е можно одржување на првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ за време на португалското претседателство. Како важна се толкува пораката што на овој начин ќе ја прати ЕУ до земјите од Западен Балкан, дека останува фокусирана на проширувањето.
На средбата е заеднички оценето дека функционален Парламент е од полза за граѓаните и за напредокот на државата, поради што е потребна конструктивност од сите политички субјекти.
Премиерот Заев изразил благодарност до Италија и до ЕУ за солидарноста околу вакцините. Заеднички е констатирано дека солидарноста е еден од клучните начини за справување со последиците од пандемијата, што е во полза на сите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.