Премиерот Зоран Заев прашан денеска дали ќе побара одговорност од вицепремиерот за борба против корупцијата, по објавениот Извештај на Стејт департментот за инвестициска клима за 2021, во кој меѓу другото се нотира и дека корупцијата е постојан проблем за водење бизнис во земјава, категоричен е дека во највисокиот ешалон на власта, па дури и во вториот ешалон, не е препознаена корупција.

Коментирајќи го извештајот на Стејт департментот, премиерот вели дека тоа треба да биде „ветер во грб“ за да можеме, како што нагласи, да го отстраниме тоа како девијантна појава што ја има насекаде во светот, во Западен Балкан, а ја има и во Македонија, како едно зло кое што ја кочи и економијата, развојот и севкупниот квалитет на живот.

На новинарско прашање за перцепцијата во јавноста дека ДКСК е оставена сама на себе да се бори против корупцијата, Заев вели дека Комисијата е независна институција, и како и ДЗР, и тие немаат врска со извршната власт и како регулаторни тела, но и како другата власт – судството и обвинителството, си ја работат својата работа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.