Зоран Заев викаше главен поддржувач на Македонија за влез во ЕУ ќе биде Бугарија, денес вели тоа е Грција, па они си играат со нас. Ние не сме свесни дека немаме константа во одбрана на македонизмот. Константата ја изгубивме и сега сме на една ветрометина и ќе нè направат парче, рече Стевче Јакимовски од ГРОМ на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата „Само вистина“.
Пред да си го дадеме името живееме подобро или сега? Па нели треба сега, се ветуваше подобар живот, инвестиции. Ништо од тоа нема. Само се распродава историјата, идентитетот, државата – рече Јакимовски.
На соговорникот Стојанче Ангелов, Јакимовски му укажа на нечесниот начин на кој коалицијата на СДСМ дојде на власт.
Правевте поткуп, лажевте, ништо не направивте за граѓаните, а нема ни да направите како сте тргнале – рече Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.