Вчера Заев ја заврши фарсата во СДСМ и го постави својот пиун Ковачевски. Токму Ковачевски е тој кој што треба да биде спроведувач на заевизмот. Членството на СДСМ виде со кого си има работа, виде дека всушност партијата им е заробена и претворена во приватна компанија на кланот Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Оттука во СДСМ после театарот избор на нов лидер, ништо не е сменето. Заев и заевизмот уште владеат со партијата, истата матрица, истите флоскули, истите штетни политики кои доведоа до тоа Македонија да тоне во корупција, економска, енергетска и здравствена криза, стои во партиското соопштение и се додава:
„Затоа заевизмот мора да биде поразен на избори, бидејќи само така може Македонија да се надева на напредок“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.