Владина делегација составена од премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе го посетат седиштето на НАТО.
Во Брисел делегацијата ќе одржи работна средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Во рамки на агенда, предвидено е Заев и Столтенберг во 16.20 часот да одржат заедничка прес-конференција во прес-центарот на седиштето на НАТО во Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.