Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција потври дека лично ургирал кај граничарите од Деве Баир да бидат пропуштени неколку автомобили за време на полициски час. Но, „шармерот“ Заев зборувајќи за убавиот глас на службеничката, случајно или намерно го премолча поголемиот скандал поврзан со слуачајот.

Вчера „Курир“ објави службена белешка во која се наведува дека на 14.03.2021 во 01:00 часот, на ГП „Деве Баир“ се пуштени за влез во Македонија пет патнички возила. Во неа службениците имаат пријавено дека ноќта меѓу 13 и 14 март биле исконтактирани лично од премиерот Зоран Заев дека треба да им се дозволи влез во Македонија со образложение дека „во возилата како сопатници се наоѓаат мали деца и лице болно од астма“.

Но, подоцна, тие белешки изменети и од нив е отстрането името на премирот. Ако нема ништо спорно во неговите потези, зошто е дадена наредба на службените белешки да биде направена корекција и од истите да биде отстрането неговото име, прашува порталот.

Менувањето на службена белешка е кривично дело, потенцираат од „Курир“. Вработени, очигледно по нов притисок од премиерот кој им дал насоки за работа спорната ноќ, се принудени да направат корекции кои по никој основ не смееле да ги направат. Но, веќе еднаш се изјасниле дека лично од Заев добиваат наредби за работа иако тој не е нивни претпоставен, па сега повторно го доживеале истото.

Кривичното дело се прави за време на принудените измени, а во него се вклучени и тој што побарал да се направи ваква коренција, но и тој кој директно ја направил. Вработените се навистина должни да ги слушаат своите претпоставени и старешини и да ги исполнуваат насоките дадени од нив. Но, НЕ и во случај кога директно прават кривично дело.Сепак, скандалозната корекција е направена дури откако „Курир“ дојде до овие белешки, а пријавениот билтен официјално испратен уште стои во службените канали на комуникација, пишува порталот.

Заев призна дека ургирал среде полициски час во земјава да бидат пропуштени возила полни со патници. Ако е донесена мерка дека сите треба да бидат пропуштени, зошто БАШ за овие треба да се ургира преку премиер? И ако Заев ова со голема леснотија си го признава како нормално, нека одговори ЗОШТО тогаш е отстрането неговото име од лужбените белешки? Кој и што крие?

Заев ги повика институциите да проверат дали има нешто спорно во неговото постапување, а истото ќе го побараме и ние.

КУРИР ја поседува целосната документација и сите податоци кои истата ги содржи иако јавно објавуваме сокриени идентитети и детали.

Ова самоволие мора да престане. Останува отворено и прашањето колку вакви случаи има за време на полициски час за кои јавноста никогаш нема да дознае!, бара „Курир“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.