Утре треба да бидат познати законските олеснувања за добивање македонско државјанство. Решението ќе се бара на лидерска средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерите на втората по големина опозициска коалиција, Зиадин Села и Африм Гаши, објави Телма.
За почеток, двете страни се согласни дека новиот закон нема да значи стекнување со државјанство со изјави на тројца сведоци, што беше првичниот предлог на Алијанса-Алтернатива.
Минатава недела, премиерот Заев најави дека најверојатно ќе се предвидат 10 до 15 услови за решавање на статусот на лицата без државјанство. Нејасно е дали познавањето македонски јазик ќе биде задолжително или лидерите ќе се договорат да биде прифатлио и знаењето само на албанскиот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.