Премиерот Зоран Заев одговори на лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, кој порача дека откако му помогнал да стане премиер, веќе не гледа причина зошто да го поддржува и да се гледа со Зоран Заев.

Премиерот му препорача на лидерот на Алијансата да ги смени политиките. Зошто сепак треба да се гледаат Заев ги спомена политиките „Едно општество за сите“, за рамноправност на граѓаните пред институциите, за НАТО, за Европската унија и за решавање на билатерални прашања.

Па веројатно долго чекал да стане власт и сега гледа дека никако не станува власт, ако ги смени своите политики, можеби и ќе стане власт. Јас имам добра соработкса со сите политички партии и имам намера да негувам таква соработка. Ако го слуша гласот на народот, има многу причини зошто треба да го поддржи Зоран Заев, рече Заев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.