Секој кој згрешил пред законот ќе одговара. Борбата за корупцијата е нешто што носи економски стандард, вредности и живот и докажуваме дека наместо како претходно кога се криеја вакви случаеви, ние имаме амбиент за безпоштедна борба со криминалот. Ова го кажа премиерот Зоран Заев на новинарско прашање на прес-конференција денеска, околу случајот „Рекет”.

Судии, обвинители, не ви требаат политичарите ни никој, носете одлуки како што законот тоа го утврдува, мора да го вратиме владеењето на правото- рече Заев.

Заев додаде дека најтешка казна е затворот, а секој кој згрешил ќе си ја одлежи казната.

Инаку, во случајот Рекет беше приведен Боки 13 со бизнисменот Зоран Кичеец, а добија 30. дневен притвор за изнуда на пари. При претрес кај нив се запленети брендирана облека, накит, часовници, уметнички дела, компјутери, оружје и муниција.

Заев бил првиот кој пријавил дека му се јавиле бизнисмени да му кажат дека се уценувани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.