Никој не е венчан за функцијата, секој е заменлив, но не треба веднаш да си даде оставка затоа што некој тоа го бара – вака премиерот Зоран Заев одговори на барањето  на опозоицијата за  оставка на министерот за здравство Венко Филипче.

Очекува истрагата да даде одговори за трагедијата од која како што вели се извлечени поуки, а дополнително се прават контроли на сите модуларни болници во земјава.

Сите треба да учиме од слабостите на системот, трагедиите да ги прифаќаме со најобјективни согледувања, претпоставки и одговорности. Никој не е венчан, ниту врзан за функцијата. Секој е заменилив, но истовремено, не смееме ни да се поставуваме несоодветно заради некакви скриени политички побуди или други скриени намери, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање кога ќе донесе одлука за понудената оставка на министерот Венко Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.