Не помислува на оставка премиерот Зоран Заев иако опозицијата упорно бара да си замине од чеко на државата. Заев вели дека е растеретен од својата политичка функција и политичка кариера.

Сум добил чест во два мандати да ја водам државата во два мандати. За мене е тоа голема одговорност и чест. Како и да ги правите паралелите со сите други земји, ние сме успешни, одиме напред, резултатите се видливи. Се што се работи дава огромни резултати и чекориме со квантни скокови напред. Не гледам причина да си дадам оставка. Сега има работа, не може пак оставки да даваме оти Мицкоски така мисли во целата таа хистерија. Правото на интерпелација го има. Јас сум тука, ќе ги отвориме картите. Очекувам и зголемување на парламентарното мнозинство. Зoшто? Заради посветеноста и проектите. Ова „хистеришење“ низ државата и неодговорно однесување ги помага политиката на СДСМ во делот на нашата поддршка, а од друга страна одмага оти со слаба опозиција власта знае да не биде фокусирана, што не е добро. Овие денови ќе излезе анкета предноста е од 4 до 5 проценти, вели премиерот Зоран Заев во гостувањето на „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.