Заев по лидерската средба прочита дел од Извештајот на Комисијата за заразни боилести, каде се вели дека се гледаат добрите ефекти, од рестриктивните мерки, во фаза каде не работат школите и градинките и имаме затворени граници.
Ситуацијата со ковид-19 ќе потрае, се до пронаоѓање на вакцината, пред нас е период во којшто треба да научиме да живееме со вирусот, па заклучуваат дека како минува време се повеќе се зголемува ризикот од појава на втор бран, со зголемување на бројот на пациентите – се вели во Извештајот на Комисијата.
ОБСЕ/ОДХР е подготвено да се расподери, веднаш штом се утврди датумот за изборите, притоа водејќи сметка на патните ограничувања- рече Заев.
На средбата присуствуваат лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети, на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива, Африм Гаши, на Движење Беса, Билал Касами и Азем Садику, како претставник на ДПА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.