Премиерот Зоран Заев на Фејсбук во име на македонската Влада и граѓаните упати „искрена благодарност до народот на пријателска Србија, до претседателот Александар Вучиќ и до премиерката Ана Брнабиќ за овој гест на разбирање, солидарност и поддршка во борбата со пандемијата”.
Нашата заемна грижа и поддршка продолжува и понатаму како традиционално пријателски народи и добри соседи посветени на нашите заеднички светли перспективи за кои имаме многу блиски допирни точки, напиша Заев.
Тој на својот Фејсбук профил потсетува дека во земјава од Србија денеска пристигна вториот дел од пратката вакцини против коронавирус со 3.510 дози, односно дека досега од Србија пристигнале вкупно 8.190 дози на „Фајзер-Бионтек”.
Заедно со претходните 4.680 дози, имаме доволно за имунизација на здравствените работници, нашите херои на првата линија во борбата со ковид-19, наведе Заев во објавата.
Денеска пристигна и вториот дел од пратката од Србија со уште 3.510 дози со што, заедно со претходните 4.680 дози имаме…
Posted by Zoran Zaev on Wednesday, 24 February 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.