Во пријателска атмосфера вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск.
На средбата, на која зедоа учество и заменикот на претседателот на Владата на Македонија, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се разговараше за актуелните очекувања поврзани со утрешната средба на Европскиот совет.

На средбата беа уште еднаш признаени и потврдени сите успеси што Република Македонија ги постигна во изминатите две и пол години и едногласно беше заклучено дека нашата земја и граѓаните ги исполнија сите услови за донесување одлука за почеток на преговори правејќи храбри чекори и сериозни реформи.
Низ разговорот на средбата во Брисел преовлада заедничкото очекување дека лидерите на земјите членки на ЕУ на утрешното заседание ќе прават напори да дојдат до консензуално решение поврзано со почетокот на преговорите за Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.