Претседателот на Владата Зоран Заев денеска го прими во посета претседателот на партијата „Самоопределување“ од Република Косово, Албин Курти, соопштија од кабинетот на премиерот.
На средбата на која присуствувале и пратениците Мухамед Зекири од Собранието и новоизбраните пратеници од Самоопределување во косовскиот парламент Фиторе Пацоли и Либурн Алиу, биле потврдени исклучително добрите односи меѓу двете земји и се разговарало за идната соработка која има силни потенцијали да ги зајакне билатералните врски во интерес на граѓаните на Македонија и Косово.
Во текот на разговорот на средбата како приоритети се издвоија проектите за инфраструктурно поврзување, меѓу кои, освен автопатот Скопје-Блаце, се издвоија како особено добредојдени патните поврзувања меѓу Тетово и Призрен, како и дооформувањето на капацитетите на граничниот премин Јажинце кои во голема мерка ќе ја олеснат комуникацијата на граѓаните и на бизнис иницијативите меѓу градовите од западниот дел на Македонија и југозападниот регион на Косово.
На средбата меѓу премиерот Заев и лидерот на партијата „Самоопределување“ од Косово, Курти, беше нагласено дека одржувањето на добрите односи и новите иницијативи за соработка меѓу двете земји, е од исклучително значење и за Западен Балкан и за секоја земја во регионот одделно од аспект на заедничките аспирации за членство во ЕУ, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.