Дезертирањето на одмор среде кризна состојба Заев го прави предавник за кое треба да одговара. Заев побегна од својот народ кога му е најтешко. Кога Македонија гори, кога се загрозени имоти и животи на граѓани, Заев како премиер и половина влада избегаа на одмор. Срамно и бедно – велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Тие коментираат дека Заев и министрите се платени од народот да му служат, да ги решаваат нивните проблеми и да им ја гарантираат безбедноста, сопственоста и животот. Заев како премиер е најодговорен и затоа треба да биде во Македонија кога од пожарите се загрозени села и градови.
-Тоа што прогласија кризна состојба, ги оставија граѓаните да голтаат чад и да се спасуваат како знаат, а во исто време Заев и пола влада да пијат коктели на одмор е кукавичлук. Неспособноста е добро позната особина на власта на Заев, ама сега гледаме дека немаат ни срам ни перде. Никој веќе не бара одговори од Заев и неговата власт. Народот бара одговорност – додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ пак молчи за одморите на премиерот и пола министри од СДСМ. Тие го бараат Христијан Мицкоски, лидерот на опозицијата. Во кризна состојба во државата, кога пола Македонија гори, тие коментираат:
Пожарникари, полицајци, доброволци, војници, граѓани, сите солидарно се вклучени во гасањето на пожарите само Мицкоски седи на страна и ги омаловажува напорите на сите кои учесвуват во гасањето на пожарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.