Премиерот Зоран Заев изјави дека се пријавил во електронскиот систем за вакцинирање и ќе ја прими онаа вакцина што ќе биде на располагање кога тој ќе дојде на ред.
Денеска во Македонија пристигна нова пратка вакцини, „Спутник В“, вкупно 20 илјади, донација Србија. Треба да пристигнат уште 20 илјади вакцини, исто така донација од Србија. Заев се заблагодари на Србија за пратката и рече дека тоа е буквално спасување на животите на нашите граѓани. Оваа пратка ќе биде наменета за здравствените работници.
Ова е втората донација од Србија и за нас е акт на огромно пријателство. Два пати ни донираат по 20.000 вакцини. Србија помогна и со вакцините од Фајзер за да ги вакцинираме нашите херои, а тоа се здравствените работници. Додека стигнат нашите вакцини, да ги искористиме овие 20.000 за процесот на вакцинација на здравствените работници. Тие знаат колку е тоа важно. Голема благодарност до српскиот народ кои споделија со нас огромен број вакцини. Од вкупно 200.000 Спутник вакцини, 40. 000 ги дадоа на нашата земја. Тоа нема да го заборавиме, изјави Заев.
Тој изрази почит и благодарност и апелираше сите граѓани да се вакцинираат бидејќи, како што рече, вакцините се здрави и проверени.
Изразуваме почит и благодарност. Моја должност како човек е да апелирам до сите граѓани да влезат во системот за масовна вакцинација. И јас и министрите се пријавивме во електронскиот термин. Вакцината е здрава, сите вакцини се проверени и колку и ќе се вакцинирам со било која вакцина. Таа што ќе дојде на ред, таа ќе ја примам и јас и моето семејство, вели премиерот Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.