Премиерот Зоран Заев во своето гостување за Радио 77 призна дека со Бугарија се преговара за придавката македонски и дека бугарската страна инсистира таа да не се користи како во примерот, македонска историја, туку дека секаде треба да пишува историја на Република Македонија.

Во меѓународна комуникација не може да се каже македонската Влада, туку може да се каже Владата на Македонија. Употребата на македонското, македонската, Mакедонецот, македонските или слично не е спорно, но проблем е и кога зборувате за македонските учебници, зборувате за македонската историја, кога зборувате за Македонски Брод. Значи они инсистираат да стои историјата на Република Cеверна Македонија и секаде да стои така, рече Заев.

Заев додаде дека таквата употреба кај нас политички веќе е решена и дека историчарите од бугарската страна треба да ги добијат насоките од нашето Министерство за надворешни работи. Тоа е идентитетска придавка.

Од Владата пристигна демант во кој  велат дека најостро го демантираат како лажна вест текстот  насловен: „Заев: Се преговара за придавката „македонски“, нема „македонска историја“, туку „историја на Македонија“.

Груба манипулација е содржината изнесена во текстот, во која подвлекувате дека „Премиерот Зоран Заев во своето гостување за Радио 77 призна дека со Бугарија се преговара за придавката македонски и дека бугарската страна инсистира таа да не се користи како во примерот, македонска историја, туку дека секаде треба да пишува историја на Република Cеверна Македонија“. Тоа што премиерот Заев ја информира јавноста за некои од бугарските позиции никако не значи дека се преговара за придавката „македонски“. Напротив, премиерот експлицитно кажа дека не се преговара за македонски идентитет, не се преговара за македонски народ, не се преговара за македонски јазик – тврдат од Влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.