Ако некој граѓанин има право да зборува на својот мајчин јазик, со тоа не губат другите граѓани, туку добива Република Македонија, како граѓанска и демократска држава, напиша премиерот Зоран Заев во објва на Фејсбук.
Како што наведува, ширум светот денеска под покровителство на Обединетите Нации и УНЕСКО, се организираат настани по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик за промоција на негувањето и афирмацијата на сите јазици што ги користат народите во светот и за поддршка на имплементацијата на стратегиите и политиките во полза на различноста на јазиците во сите делови на светот,
Заев порачува дека концептот на разноличност во Република Македонија треба да се прифати како мост помеѓу различните етнички заедници во земјата во постигнувањето еднакво општество и можности за сите граѓани во нашата држава, како една од целите на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.