Зоран Заев, лидерот на СДСМ, вечерва на телевизија 24 се осврна на можните кадровски грешки кои досега ги направил и оргадувањето од кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Сите учиме лекции. Има луѓе кои се одлични. Има луѓе со капацитет, а не се работливи, но има и такви кои се работливи, а немаат капацитет. Во текот на овие години видов со кои луѓе имам работа.
Се оградивме од Максим Димитриевски, бидејќи беше изречена санкција, а тој не ја почитуваше. Поради тоа што добил санкци, ова било режимска власт. Законот мора да важи за сите. Тој ми е другар, сопартиец но законот важи за сите. Ако Заев и Мицкоски биле дома во самоизолација, Максим не почитувал самоизолација. одговорноста е голема и треба да се биде пример. Министерот не информираше како треба да постапиме во случајот кога добивме решение за самоизолација и тоа има казна и санкција и ние почитувавме. Владата се грижи за Куманово исто како што Максим Димитриевски се грижи за Куманово. Со изјавите кои ги дава ги напаѓа одлуките на Централниот комитет на СДСМ. Ние сме ги изградите нашите ставови, а денеска тој да зборува за други ставови не е во ред, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.