Зоран Заев се однесува незрело и на штета на граѓаните, од една страна вели не е за избори, а од друга страна брифира датуми за избори за ова лето директно на штета на здравјето, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на интервјуто на Зоран Заев на „Независен.мк“.
Заев се однесува и незрело кога одбива лидерска средба за најважните прашања во државата, за здравјето на граѓаните, за економската криза и за блокадата на евроатланската интеграција на земјава.
И додека секојдневно се бројат жртвите од корона вирусот, Заев турка избори за штета на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека денес Македонија е во најтешката економска и здравствена криза што е последица на неспособноста и криминогеноста на Спасовски и Венко Филипче.
Додека Македонија ја има најтешката криза Заеви не ги заборавија тендерите, профитерството и штетните договори. Нема ниту еден стопанственик што ги поддржа мерките на Заев и Спасовски. Заев е директно одговорен и за тоа што Бугарија вметна нови услови за европските интеграции чија цена е промена на историјата, откажување од јазикот. Зошто владата на Заев молчи за ова? Како Заев реагираше? Напиша ли демант или некоја реакција? Одговорот е нема никаква реакција. Кај Заев е прашањето цената, за се друго ќе се договорат, се вели во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.