Премиерот Зоран Заев, заедно со членовите на делегацијата заменик-претседателот во Владата за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефицата на Постојаната мисија на Македонија во ЕУ Агнеза Руси-Поповска, денеска во Брисел имаше средба со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија која е претседавач со ЕУ во актуелниот мандат.
<ремиерот Заев на средбата изрази благодарност за напорите што ги прави Португалија за да се искористи овој момент и да се постигне решение кое ќе го деблокира евроинтеграцискиот процес за Македонија.
Тој му ја пренесе на министерот за надворешни работи на Португалија Силва пораката на единство на Македонците, Албанците и на сите други заедници во Македонија околу процесите за европеизација на земјата во сите сфери на општеството како наша обврска во постигнување на европските стандарди и дека земјата ги исполнила сите критериуми, потврдени и во извештаите на Европската Комисија и дека сега Брисел е на потег да испорача организирање на меѓувладината конференција за почеток на пристапниот процес.
Сите сме единствени, европеизацијата треба да оди без обиди за загрозување на македонскиот идентитет и сите граѓани на Македонија, без разлика на која етничка заедница припаѓаат, се единствени по ова прашање, нагласи премиерот Заев на средбата со министерот за надворешни работи на Португалија Аугусто Сантош Силва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.