Споделувајќи вознемирувачки фотографии од планината Огражден, на која од здружението „Здрава котлина“ го откриваат пустошот оставен од страна на ЈП Македонски Шуми – подружница Струмица, активистот Ивор Мицковски потсетува дека Заев се колнеше, „за во својот двор, таму од каде што е црпнат, да им го уништува животот на сограѓаните“.
Со езерата направија еколошка катастрофа трошејќи 4 пати повеќе вода од што примаме, за да продаваат струја.
Шумите се упропастени, исечени или изгорени, во националните паркови се градат хидроцентрали и станбени објекти, реките се пресушуваат, луѓе остануваат без вода за пиење и наводнување.
Ама ова е врвот, државата, власта, безмилосно сече шума за да ги фаворизира приватните интереси за изградба на токсичен рудник.
Рудник за кој ветуваа дека нема да го има.
Заев се колнеше, за во својот двор, таму од каде што е црпнат, да им го уништува животот на сограѓаните.
Криминалци и злостори, порача Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.