За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда, објави на својот фејсбук профил Зоран Заев.

Тој во објавата не споменува дека има парламентарно мнозинство ниту пак дека има намера да поднесе оставка како што вети.

Ова е прва негова објава по локалните избори.

Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите.

Но, има оваа држава свој народ, и граѓани, и демократи, и борци, и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново.
Нашата кауза е и граѓанска и државничка.
Знам дека позади таа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници.

Демократијата, слободата, солидарноста и заедништвото се нашите вредности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.