Премиерот Зоран Заев прими делегација на Министерството за одбрана на Народна Република Кина предводена од министерот за одбрана генерал Веи Фенгхе.

На средбата во Владата, на која присуствуваше и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, премиерот Заев, посакувајќи им добредојде на генерал Веи Фенгхе, и на членовите на неговата делегација, истакна дека оваа официјална посета на Министерството за одбрана на НР Кина, е уште една значајна потврда на добрите односи меѓу двете земји кои во последните години имаат позитивен и нагорен раст, соопштија од Владата.

Но, она што не го кажаа е новиот резил на премиерот, кој се обиде „фраерски“ да се поздрави со кинескиот министер, но доби едно големо НЕ од Фенгхеј кој почитувајќи мерките му даде само лактот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.