Да се чуе гласот на индивидуата, одлуките да се носат по пат на директно или репрезентативно вклучување на граѓаните, да се почитува туѓото мислење, да се слуша и прифаќа критиката – тоа е демократијата – вака премиерот Зоран Заев го честиташе Меѓународниот ден на демократијата.
Демократијата долго страдаше во Македонија. Слободата, мислата, новинарството и одлучувањето на граѓаните без притисок беа незамисливи. Ама се изборивме, заедно создадовме мнозинство преку кое демократијата ја надвладеа автократијата. Нека е вечна слободата, преку неа ќе ја унапредиме и демократијата, напиша Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.