Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил напиша:
Ги инвестираме парите назад кај граѓаните – за да има подобар живот во Македонија! После две и пол години од нашата Влада“.
Нема веќе радиодифузна такса, сметките за струја се помали и има евтина тарифа на струјата, враќаме 1 милион евра преку МојДДВ, ги укинавме квотите на лековите.
Дополнително, повеќе од 15 милиони евра се сите мерки коишто се инвестираат во делот на екологијата за оваа есен. Зборуваме и за покачување на сите плати во државава. Само со покачувањето на минималната плата над 90.000 граѓани ќе добијат плус 1.000 евра годишно на своите сметки. Се грижиме да има добра живејачка во нашата држава, напиша премиерот Заев на својата страница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.