Зоран Заев, македонскиот премиер кој наседна на играта на руските „пранкери” Владимир Кузенцов (Вован) и Алексеј Столаров (Лексус), кои лажно се преставуваат како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, не гледа ништо погрешно во својата одлука, без проблем да дава брооеви на странски политички функционери. Тој искрено поверувал дека „Петро Порошенко“ не може по диоломатски пат да стигне до бројот на  поранешниот американски помошен државен секретар Вес Мичел, па морал да му се јави нему за да најде начин да стапи во контакт со Мичел.

Нормално, се бара во мементот од мене да дадам телефонски број за некој којшто е задолжен со југоисточна Европа од некој за кој јас искрено верувам дека е претседателот на Украина и го давам телефонот и секако, не верувам дека е тоа државна тајна, секако жалам дека сето тоа е така злоупотребено, но истовремено во целиот овој разговор јас не верувам дека има некое издавање на државна тајни. Тоа се ставови кои ние ги повторуваме секој ден, дали се тоа работи кои се однесуваат за овде за Балканот, дали се за евроатлантските интеграции, дали се за нашите аспирации. Дури апсолутно смех и шала кога се зборува за Питер Македонски. Или за тој дел, затоа што соговорникот ја отвора темата, јас се шалам на таа тема зашто навистина е смешно и така и реагирам

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.