СДСМ утре ќе организира марш од пред Собранието до Судот, најави денеска Зоран Заев. Маршот ќе биде под слоганот „Чекориме за прада“.

Утре во 18 часот часот пред Собранието ве повикувам на маршот Чекориме за правда. Од местото каде се донесе овој закон, од Собранието, до местото каде треба да ги видиме конечните правни разрешници, до Судот. Се гледаме утре пред Собранието. Чекориме за правда!, рече Заев.

Нема скриена амнестија, секој што го прекршил законот ќе одговара, тефтерчињата со кои се рушеше правдата ќе останат да сведочат за едно време на заробена држава, рече лидерот на СДСМ.

– Со овој Закон се гарантира дека политичарите нема да можат да бираат и именуваат обвинители ниту да одлучуваат за иднината на предметите. Тефтерчињата со кои се рушеше правдата ќе останат да сведочат за едно време на неправда, време на заробена држава и криминална власт. Сега дојде друго време кога политичарите мора да бидат подалеку од правосудството – рече Заев



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.