Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека владејачката партија во иднина планира да го промени името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи на Cеверна Македонија“. Скратеното име би останало и натаму СДСМ.

Тоа може да биде на следниот конгрес, ние тоа не можеме на извршен или на централен одбор, кој ретко се свикува. До сега имавме само еден конгрес и тој беше онлајн и не знаевме до каде ќе биде ефикасен. Во периодот пред нас ќе постапиме согласно Преспанскиот договор. Има иницијатива за име „СДСМ – Социјалдемократи од  Cеверна Македонија“, но има и други идеи – рече Заев.

Претседателот на СДСМ ова го одговори во контекст на тоа дека политичките партии се финансираат од државниот буџет и дека согласно тоа, треба да го променат името.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.