Премиерот Зоран Заев вечерва на прес – конференција пред Владата изјави дека во изминатите 24 часа институциите направиле акција со редовни и вонредни мерки и рече дека екс директорот на УБК, Сашо Мијалков немал друг избор и се предал.

Вели дека се избегнати сите потенцијални ризици.

Мијалков првично избега. Останува нашата посветеност и одлучност и барање да се истражи како се случи бегството, рече Заев.

Премиерот кажа дека прво во суд дошле адвокатите, а потоа и Мијалков. Изјави дека компромис за правда нема и нема да има.

Денеска институциите удрија по маса, рече Заев.

Екс-шефот на УБК, Сашо Мијалков се предаде во Обвинителството. Пред да влезе во обвинителството, тој даде изјава за ТВ24 пред просториите на обвинителството.

Рече дека вчера бил изолиран, бил болен со температура над 40 степени, со симптоми на Ковид-19 и немал намера да бега, а кога дознал што се случува дошол пред ОЈО.

Тој се извини на целата јавност и кажа дека е тука да го земе решението за домашен притвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.