Вонредната состојба досега се носеше заради економските мерки за помош на граѓаните и стопанството. Владата не гледа потреба да носи четврти пакет на економски мерки затоа што до есен ќе се реализира третиот пакет на економски мерки кој е веќе донесен, вели лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Нема никакви причини Владата да бара нова вонредна состојба. Нема ни основ како да ја оправда. Затоа роковите за избори остануваат онака како што е законски и уставно пропишано, а тоа е 22 дена од завршување на вонредната состојба, односно на 5-ти јули – изјави Заев за весникот „Вечер“.

Вонредната состојба, како што посочува претседателот на СДСМ, нема врска со рестриктивните мерки поврзани со здравствените последици од коронавирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.