На проблемот со Бугарија се работи и наскоро очекувам да ја посетам Софија, пред Берлинскиот процес, каде јас и бугарскиот премиер Бојко Борисов сме домаќини во име на Македонија и Бугарија, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

Сакам да ја посетам Бугарија и не го кријам тоа што е моја желба, првата моја официјална посета од соседните земји да биде Република Бугарија заради пријателството, заради тоа што првиот мандат почна така и веруваам дека големи успеси на државата се прокнижија во целиот овој период и верувам дека тоа ќе се случи – истакна Заев.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.